top of page

Современа технологија

Во стоматолошката ординација Д-р. Ема Дентал, применуваме современа технологија која
е основа на секој наш третман. 

 

Технологијата е во служба на пациентот – таа ни овозможува побрзи, побезболни и попрецизни третмани.

 

​Без разлика дали станува збор за дијагноза, ортодонтски план, протетска реконструкција, ендодонтски зафати, естетска стоматологија или рутинска проверка – секогаш сте во сигурни раце, поддржани од стручноста и современата технологија.

DSC_6356_galerija.jpg

Комбинацијата на стручен кадар и модерна опрема е клучот за успешен и безбеден третман, а токму затоа инвестираме во најновите технолошки достигнувања во стоматолошката наука. Од моментот кога пациентот ќе влезе во нашата ординација, сè до крајот на третманот, технологијата заедно со стручноста играат важна улога во секој третман.


Користиме дигитални рендген апарати со минимално зрачење, што овозможува брза и прецизна дијагноза без ризик за здравјето на пациентите. Дополнително, 3D интраоралните скенери овозможуваат виртуелно моделирање на забите и вилицата, што е од огромна важност во планирањето на ортодонтски третмани, како што се фиксни апарати и Invisalign. Ова ни овозможува не само да предвидиме како ќе изгледа
финалниот резултат, туку и да го намалиме бројот на посети и времетраењето на третманот.


Во областа на протетиката, користиме современа CAD/CAM технологија за дизајн и изработка на коронки, мостови, инлеи, онлеи и фасети со извонредна прецизност. Со помош на дигитално скенирање и софтверска обработка, можеме за кратко време да изработиме протетски навлаки со висок естетски и функционален квалитет. Материјалите кои ги користиме – циркониум, E-max и композити од нова генерација – овозможуваат природен изглед и долготрајност. Ваквиот пристап овозможува минимално инвазивни
интервенции, максимална удобност за пациентот и значително пократко време за изработка.


За стерилизација, користиме автоклав со највисок медицински стандард, кои ги уништува сите микроорганизми, вклучувајќи и најотпорните бактерии. Секој инструмент е строго, контролирано стерилизиран, а работните површини се третираат со сертифицирани дезинфекциски средства по секој пациент. Воспоставени се строги протоколи за безбедност, усогласени со европските и светските стандарди.

bottom of page