Ортодонтски третман

Што е ортодонтски третман на заби?
Ортодонтскиот третман се применува за исправување на забите преку нивно контролирано придвижување. Може да се спроведе во секој животен период, како кај деца, така и кај возрасни – доколку потпорниот апарат на забот е здрав.
Најдобри резултати се постигнуваат кога третманот започнува во детска возраст, но и кај возрасни пациенти може да се добијат одлични, долготрајни резултати.

Најчести неправилности
Најчесто, пациентите кои се подложуваат на ортодонтски третман имаат:
-
збиени заби
-
празнини меѓу забите
-
преклопени заби
-
извртени или искривени заби
-
неправилно никнати заби поради недостаток на простор
Кај некои пациенти, проблемот лежи во односот помеѓу вилиците. Најчесто, едната вилица е истурена нанапред, што го нарушува изгледот на лицето, а забите се изложени на поголем ризик од расипување.
Неправилното затворање на вилиците може да предизвика мускулна напнатост, болки во зглобовите и чести главоболки.

Што овозможува третманот?
За корекција на неправилностите потребен е ортодонтски третман.
Третманот започнува со целосен орален преглед: се анализира положбата и бројот на забите, функционалните движења на усните и јазикот, мускулната активност, начинот на дишење и голтање.
За дијагностика, најчесто се потребни панорамска и телерентген снимка, како и отпечаток од вилиците за изработка на студиски модели. По детална анализа и разговор со пациентот, се предлагаат соодветни можности за третман.
Ортодонтскиот третман трае подолго време, често и неколку години со цел да се постигнат најдобрите и трајни резултати.

-
Превенција на гингивални заболувања
Подобрувањето на положбата на забите овозможува полесно и поефикасно одржување на оралната хигиена. -
Намалување на кариес
Се спречува задржување на храна меѓу неправилно поставени заби, што директно го намалува ризикот од кариес. -
Намалување на ризик од заболувања на темпоромандибуларниот зглоб (ТМЗ)
Стискањето, крцкањето и болките во зглобовите често се последица на неправилен загриз. Ортодонтскиот третман може да ги ублажи или целосно да ги елиминира овие проблеми. -
Корекција на лош загриз
Неправилниот загриз предизвикува неефикасно џвакање, притисок врз забите, нивно пукање и други компликации. Третманот обезбедува правилна функција. -
Спречување на ерозија на коските
Неправилно поставените заби создаваат штетен притисок и бактериска акумулација. Исправувањето на положбата ги штити коските и непцата. -
Подобро варење
Добриот загриз овозможува правилно џвакање и варење на храната, што има позитивен ефект врз дигестивниот систем. -
Подобрување на естетиката на лицето
Ортодонтскиот третман ја подобрува симетријата и обликот на лицето, особено кај состојби како прогенија, протрузија, вкрстен или отворен загриз. -
Подобрување на говорот
Правилната положба на забите и вилиците придонесува за подобра артикулација и појасен говор.

Ортодонски апарати
Ортодонтскиот третман користи различни типови апарати за корекција на забите
Што е ретејнер?
Ретејнерот не е дел од активниот третман, но е клучен за задржување на постигнатите резултати. Откако ќе заврши третманот, забите имаат тенденција да се вратат во претходната положба. За да се стабилизира нивната нова позиција, потребно е носење ретејнер.
ТИПОВИ РЕТЕЈНЕРИ:
ОТСТРАНЛИВИ РЕТЕЈНЕРИ
Проѕирни, тенки шини кои се носат најчесто навечер. Индивидуално се изработуваат според обликот на забите.
ФИКСНИ РЕТЕЈНЕРИ
Метална жица залепена на задната страна од предните заби, која не се гледа и не пречи во секојдневните активности. Бара повисоко внимание при четкање.
Носењето ретејнери, доживотно е најдобар начин да се одржи вашата убава насмевка.




