Избелување заби

Што предизвикува промена на забите?
Надворешниот слој на забите може да се обои кога:
-
пиете чај, кафе или црвено вино
-
јадете храна како што се зачини, бобинки или цвекло
-
пушите цигари
Со стареењето, белиот слој на глеѓта на надворешната страна на забите се истрошува. Ова ја изложува внатрешната, дентинска структура која има жолтеникава боја и предизвикува забите да изгледаат пожолтено.
Забите може да променат боја и одвнатре, доколку:
-
се оштетени или повредени
-
сте земале одредени лекови во детството – како што се антибиотиците тетрациклин или доксициклин
-
забот бил третиран со коренски канал, што исто така може да доведе до внатрешна промена на бојата.

Што вклучува беелењето на забите?
Постојат два главни типа на белење: професионално белење во ординација и белење дома со индивидуално прилагоден третман.
Белеење заби во ординација
Најпрво се врши соодветна подготовка на забите и заштита на гингивата. Стоматологот нанесува силен гел со водород пероксид, кој се остава да делува од 30 до 40 минути. Често се користи и ламба за белење. По завршувањето на третманот, забите треба да бидат побели.
Ако пожолтувањето е предизвикано од длабока дисколорација во дентинот, тогаш гелот нанесен однадвор нема значително да ги избели забите.
Понекогаш, стоматологот може да изврши внатрешно белење – кога забите се обезбојани одвнатре, најчесто по третман со коренски канал. Белењето се изведува со поставување на средство за белење во внатрешноста на забот, каде што претходно се наоѓал забниот нерв. Средството се остава неколку дена, а потоа се отстранува и забот се затвора со пломба.
Белеење заби во домашни услови
За домашно белење, стоматологот изработува тенки, пластични фолии по мерка, кои совршено прилегаат на вашите заби. Добивате и гел за белење со соодветна јачина, прилагоден на вашите потреби.
Гелот се нанесува во фолиите и тие се носат според инструкциите од стоматологот – колку гел да користите и колку долго да ги носите влошките секој пат.
Овој метод е побавен во однос на белењето заби во ординација.


Храна и навики што треба да се избегнуваат по третманот на белеење
Особено во првите 48 часа по третманот, избегнувајте производи со киселинска основа (како сода, кисели краставички, агруми – портокал, лимон), како и храна што лесно предизвикува дамки:
-
Кафе
-
Црвено овошје
-
Овошни сокови
-
Пиво
-
Чај
-
Соја сос
-
Чоколадо
-
Кари во прав
-
Кечап и доматно пире
-
Црвено вино
Во овој период забите се почувствителни на дамки и оштетувања. Консумирањето на овие производи не само што го намалува ефектот од белењето, туку може и дополнително да ја влоши состојбата.
Исто така, внимавајте и на други производи што ги внесувате во устата, како пасти за заби во боја, производи од тутун или електронски цигари.
Што можете за јадете првите 48 часа?
Идеално е да јадете храна што е бела или светла по боја и не содржи киселини. Препорачани се:
-
Млеко
-
Тестенини
-
Ориз
-
Карфиол
-
Јајца
-
Риба
-
Пилешки гради без кожа
-
Компири
-
Тофу
-
Јогурт
-
Леб
-
Овесна каша
-
Урда

