top of page

Ординација Др. Ема Дентал

Каде насмевките се создаваат со грижа, љубов и искрена посветеност.

DSC_6210-resized.jpg
Др. Емилија Грујоска Димовска

Специјалист ортодонт

Тимот на нашата ординација се состои од врвни професионалци со богато искуство и
посветеност на секој пациент.

 

На чело на тимот е д-р Емилија Грујоска Димовска, специјалист по ортодонција, со 18 години активно искуство во сите области на стоматолошката практика. Нејзината работа се карактеризира со професионалност, прецизност и индивидуален пристап, а бројните задоволни пациенти се најдобра потврда за нејзината стручност.


Д-р Грујоска Димовска има завршено специјализација по ортодонција и континуирано се усовршува на домашни и меѓународни семинари и конгреси. Таа активно ги следи најновите стоматолошки достигнувања, новите техники и материјали, со цел да понуди најсовремени решенија на своите пациенти. Нејзината експертиза ги опфаќа сите типови а ортодонтски третмани, од класични метални и естетски апарати, до најсовремените Invisalign aligners.

Успехот на ординацијата не се должи на еден човек – секој член од нашиот тим игра клучна улога во создавањето на сигурна, пријатна и професионална средина.Соработниците и асистентите се темелно обучени, комуникативни и секогаш подготвенида одговорат на потребите и прашањата на пациентите. Нашиот тим е постојано вклученво обуки за грижа за пациентите и напредни стоматолошки техники.

DSC_5999.jpg

Во Др. Ема Дентал, веруваме дека насмевката е одраз на здравјето, самодовербата и среќата. Нашата мисија е едноставна, но длабоко значајна за сите наши пациенти да обезбедиме врвна стоматолошка нега со пријатен човечки пристап, стручност и внимание кон секој пациент.

Со долгогодишно искуство во општата стоматологија и специјалистичката ортодонција, креираме индивидуален пристап што ги надминува очекувањата – од првичен преглед, преку прецизна дијагностика, до финалниот резултат: здрава и убава насмевка.

Што нудиме:

ОПШТА СТОМАТОЛОГИЈА

  • Детални прегледи и дијагностика

  • Пломбирање и лекување на заби

  • Ендодонтска терапија

  • Чистење на забен каменец, полирање и избелување

  • Изработка на протези, фасети, мостови и коронки

  • Совети за орална хигиена и превенција

 

СПЕЦИЈАЛИСТИЧКА ОРТОДОНЦИЈА

  • Исправување на неправилно поставени заби и вилици

  • Фиксни и мобилни ортодонтски апарати

  • Естетски (невидливи) решенија, вклучувајќи Invisalign

  • Ортодонтски третмани за деца, тинејџери и возрасни

  • Индивидуален план на терапија со редовни контроли

 

Во Др. Ема Дентал, секој пациент е важен. Затоа довербата ја градиме преку:

  • Личен пристап

  • Трпеливост и разбирање

  • Детално објаснување на секоја постапка

  • Поддршка и грижа во текот на целото лекување

 

Зошто да нѐ одберете?

  • Современа ординација со најнова технологија и долгогодишно искуство

  • Безболни, ефикасни и сигурни третмани

  • Топла, пријатна и пријателска атмосфера

  • Тим кој се грижи за вас и вашето семејство

 

Вашата насмевка е нашата инспирација и мотивација. Дозволете ни да ви помогнеме да имате насмевката што ја заслужувате.

bottom of page