top of page

VENEERS – Естетски фасети

2.jpg

Што е фасета?

Фасетата е тенка, издржлива обвивка што се лепи на предната површина на забот, изработена од материјал сличен на природен заб. Таа служи за покривање на различни несовршености, како скршени, испукани, потемнети, пожолтени, истрошени или нерамномерни заби, празнини меѓу забите и други естетски неправилности. Фасетата ја враќа убавината на насмевката, создавајќи изглед што зрачи со самодоверба и шарм.

1.jpg

Какви видови на фасети постојат и од кои материјали се изработуваат?

КОМПОЗИТНИ ФАСЕТИ

Изработени се од композитен материјал – ист тип на материјал што се користи за пломбирање. Иако се поекономична опција, композитот е помалку отпорен на кршење, полесно впива боја од храна и пијалаци, и има пократок век на траење во споредба со керамичките фасети.

ПОРЦЕЛАНСКИ ФАСЕТИ (КЕРАМИЧКИ)

Изработени се од керамика со висока естетска вредност. Порцеланот е поцврст, помазен и посјаен од композитот, има својства на рефлектирање светлина слични на природен заб и е многу поотпорен на дамки од храна и пијалаци. Има подолг век на траење и подобра издржливост.

Кои се придобивките од фасетите?

  • Корекција на благо нерамномерни заби (искривени, преклопени или раздалечени заби).

  • Корекција на деформирани заби – скршени, исечени, кратки, атрофирани или естетски непријатни заби.

  • Камуфлирање на дамки предизвикани од лекови, особено кога бојата не може да се избели.

  • Поправка на истрошени заби, со што се зголемува нивната издржливост и се добива порамнета, природна линија на насмевката.

  • Видливо подобрување на изгледот, што придонесува за зголемена самодоверба и лична привлечност.

Кој е потенцијален кандидат за фасети?

  • Лица со темни, пожолтени или обезбоени заби (од кафе, чај, лекови) кои предизвикуваат несигурност.

  • Лица со испукани, оштетени, мали или истрошени заби, вклучително и т.н. "зајачки заби".

  • Лица со благо искривени, збиени или нерамномерно поставени заби кои сакаат визуелна корекција без ортодонтски третман.

  • Лица со "гингивална насмевка", односно прекумерно изложено непце при насмевнување.

  • Лица со празнини меѓу забите кои предизвикуваат естетски или функционални проблеми (како задржување на храна и непријатен здив).

  • Лица што сакаат трансформација на својата насмевка, како промена на обликот на заби (на пример, квадратни во пообли), за подобрување на изгледот и хармонијата на лицето.

  • Лица што посакуваат "холивудска насмевка" – можат да донесат фотографија од насмевка што ја посакуваат и заедно со стоматологот да го дизајнираат посакуваниот изглед.

Како да се грижите за вашите фасети?

  • Следете редовна дневна рутина за орална хигиена – миење на забите најмалку двапати дневно со нежна четка и паста без абразиви.

  • Користете забен конец после оброци и исплакнувајте ја устата со неабразивен раствор за уста за да се отстранат остатоците од храна меѓу забите.

  • Избегнувајте грицкање на тврди предмети, како мраз, тврда храна или употреба на забите како алатка (на пр. отворање на пакувања), бидејќи тоа може да доведе до оштетување или пукање на фасетите.

  • Доколку имате навика за несвесно шкртање со забите (бруксизам), се препорачува носење на мека заштитна шина за спиење, со цел да се заштитат фасетите од оштетување.

bottom of page